.RU

Стенографски белешки

СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ



од 30-тата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на



16 мај 2012 година



Седницата се одржа во Собранието на Република Македонија, сала 1, со почеток во 11,37 часот.

Седницата ја отвори и на неа претседаваше господин Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија.

Трајко Вељаноски:

Дами и господа пратеници,

Ја отворам Триесеттата седница на Собранието на Република Македонија.

Пратениците: Ристо Манчев, Павле Стаздов, Фијат Цаноски, Љубисав Иванов Ѕинго, Радмила Шекеринска, Али Ахмети, Ермира Мехмети, Ирфан Деари, Рафет Муминовиќ, Бехаџудин Шехаби, Арбен Џафери, Мендух Тачи, ме известија дека се спречени да присуствуваат на седницата.

За седницата известени и поканети се: Претседателот на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија, членовите на Владата на Република Македонија, претседателот на Советот на јавото претптријатие МРТВ.

Пратениците Илија Димовски и Талат Џафери предлагаат по скратена постапка да се донесе Законот за изменување на Законот за спортот.

Предлогот на законот ви е доставен.

Молам, еден од предлагачите да ја образложи оправданоста Предлог на закон да се донесе по скртена постапка.

Има збор господинот Илија Димовски, повелете.

Илија Димовски:

Благодарам претседателе.

Станува збор за многу мала, односно минимална измена од формален карактер на именуваниот закон. Станува збор за една одредба од Законот со која што спортските клубови кои што се натпреватуваат во прва лига на натпреварувња во кошарка, ракомет, и фудбал имаат обврска од јули месец да имаат пет луѓе професионално вработени. Тоа за поголем дел од клубовите во овој момент претставува проблем кој што не можат да го исполнат, посебно за клубвите кои што доаѓаат од кошаркарската прва лига и за клубовите кои што доаѓаат од внатрешноста во Република Македонија. На Предлог законот е овој рок да се пролонгира за неколку години како би се создале услови и можност клубовите да се припремат. Поради тоа што датумот кога стапува на сила Законот е многу близу во јули месец. Предлагаме на денешната седница овој закон да се разгледа по скратена постапка. Благодара.

Трајко Вељаноски:

Благодарам.



Предлогот на пртениците Илија Димовски и Талат Џафери по скратена постапка да се донсе Законот за изменување на Законот за спортот го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Вкупно гласаа 52 пратеници, од нив за предлогот гласаа 51, еден воздржан, против нема.

Молам службите да утврдат точен број на присутни пратеници во салата.

Во салата се присутни 84 пратеици, очигледно некој нема гласано. Но, има доволно пратеници за да се прогласи за полноважно гласањето.

Констатирам дека Предлогот е усвоен.

Бидејќи Сбранието одлучи Законот да се донесе по скратена постапка врз основа на член 171 став 1 од Деловникот на Собранието ги задолжувам Комисијата за образование, наука и спорт како матично работно тело и Законодавно-правна комисија да расправаат по Предлогот на закон, за да можам врз основа на член 151 став 2 од Деловникот на Собранието да ги известам пратениците за рокот за поднесување на амандмани за седниците на комисиите.

Ги молам претседателите на комисиите да ме известат за датумот на одржувањето на седницит ена комисиите на кои ќе го разгледуваат овој предлог на закон.

Владата на Република Македонија предлг по скртена постапка да се донесе закон за изменување и дополнување на Законот за процена.

Предлогот на закон ви е доставен.

Го молам претставникот на Владата да ја образложи оправданоста Предлогот на закон да се донесе по скратена постапка.

Има збор заменикот министер за правда, повелете.

Билјана Бришковска:

Благодарам претседателе.

Почитувани пратеници, значи Законот за процена Собранието на Република Македонија го донесе во август 2010 година и со него за прв пат во нашата држава беше уредена областа на процена. Имено, процената се реферира како процес на определување на цена, односно проценување на пазрната вредност на предметот на процена од страна на проценувач во случаи кои што се определени со закон, или по поднесено барање од страна на заинтересирано лице. Со последните измеи на Законот за процена им се овозможи на банките и штедилниците кои што се регистрирани во Република Македонија да вршат процени во работи во кои што тие се странки доколку имаат вработено лица со положен стручен испит од соодветната област на процена. Со предложените измени ваквата можност им се овозможува и на единиците на локалната самоуправа да продолжат да ја вршат процената на данокот на имот при утврдувањето на висината на даноците од страна на вработените лица во единиците на локалната самоуправа со положен правосуден испит. На овој начин ќе се зголеми стручноста на кадрите кои што ги вршат проценките на вредноста на имотот на недвижниот имот при пресметувањето на даноците кои што се во интерес на граѓаните на Република Македонија. Идентично решение се предвидува и за вработените лица во Бирото за судски вештачења како професионална институција која и до сега ги вршеше работите од областа на процена. Исто така, тие ќе продолжат да ги вршат работите на процена доколку имаат врботено лица со положен стручен испит за проценка за потребите на органите на државната управа. Едновремено укажуваме дека сите надлежни министерства се целосно подогтвени за започнување на примента на Законот, донесени се сите подзаконски акти и методологии и започната е обуката и испитите за проценувачи по министерствата. Согласно наведеното се очекува и издавање во најскоро време на првите лиценци за проценувачи и формирање на Комората на проценувачи. Благодарам.

Трајко Вељаноски:

Благодарам.



Предлогот на Владата по скратена постапка да се донсе Законот за изменување и дополнување на Законот за процена го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Вкупно гласаа 56 пратеници, од нив за предлогот гласаа сите 56, воздржани нема, против нема.

Во салата има присутни преку 80 пратеници.

Очигледно некој н е гласа.

Констатирам дека предлогот на Владата е усвоен.

Бидејќи Собранието идлучи Законот да се донсе по скратена постапка врз основа на член 171 став 1 од Деловникот на Собранието ги задолжувам Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците да расправаат по Предлогот на закон за да можам врз основа на член 151 став 2 од Деловникот на Собранието да ги известам пратениците за рокот за поднесување на амандмани за седниците на комисиите.

Ги молам претседателите на комисиите да ме известат за датумот на одржувањето на седниците на комисиите на кои ќе го разгледуваат овој предлог на закон.

Пратениците Изет Зеќири и Фламуре Демири Креци предлагаат дневниот ред на оваа седница да се дополни со предлог на одлука за дополнување на Одлуката за основање постојани работни тела на Собранието на Република Македонија.

Предлогот на одлуката ви е доставен.

Молам, еден од предлагачите да ја образложи итната и неодложна потреба предлогот на одлуката да биде разгледан на оваа седница.

Има збор пратеникот Изет Зеќири, повелете.

Изет Зеќири:

Почитуван господине претседател, почитувани колеги пратеници.

Предлагаме по скртена постапка Предлог одлука за дополнување на Одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија. Конкретно со оваа предлог одлука предлагаме да се формира Комисија за надзор над јавните финансии, Комисија за трошење на буџетски средства и тоа предлагаме во ставот 2 Комисијата за финансирање и буџет да се додаде точка 11-а, која гласи: да се формира Комисија за надзор над јавните финансии. Предлагаме да има 12 члена, да има претседател и заменик претседател. Комисијата се избира по предлог на пратениците од партиите од опозицијата. Комисијата ќе разгледува прашања во однос на разгледување на Годишен извештај за извршените ревизии од Државниот завод за ревизија. Државниот завод за ревизија како јавна институција, на контролата на работата на институциите кои трошат пари од граѓаните знаете дека перманентно поднесува извештаи во Парламентот и тие извештаи од Државниот завод за ревизија не ги разгледува ниедно тело во Парламентот на Република Македонија. Затоа предлагаме оваа комисија да ги разгледува годишните извештаи на извештаите од Државниот завод за ревизија, да разгледува извештаи за работата на Државниот завод за ревизија, да разгледува ревизорски извештаи за буџетот на Република Македонија, затоа што ако ги прочитате ревизиите остварени во јавните институции и во буџетската сметка, ќе видите има многу злоупотреби, за кои злоупотреби не дискутира никој во оваа држава, а најповикан е Парламентот да расправа како се трошат јавните средства во Македонија.

Разгледување на конечните ревизорски извештаи реализирани согласно Годишната програма за работата на Државниот завод за ревизија и нормално оваа комисија од дискусиите да поднесе извештај до Собранието на Република Македонија согласно со Деловникот во случај на нерегуларности кои се дефинира во конечните ревизорски извештаи, оваа комисија да изготви заклкучоци, препораки и на Собранието на Република Македонија да ги достави за разгледување и усвојување. Периодично да бара информации од институциите за напредокот и спроведување на препораките кои може да ги даде оваа комисија за контролата и оценувањето на јавните пари, односно за надзор на јавните финансии.

Ова се предлага заради единствена причина бидејќи ние како Парламент добивме извештаи од ревизии, овие извештаи во Парламентот не се разгледуваат. Нем тело кое ќе ги разгледува овие извештаи. Ако ги разгледате и анализирате пратениците што пишуваат во извештаите на Државниот завод за ревизија тогаш ќе видите која е вистината за трошењето на јавните пари. Овде се извештаите и на општина Центар, и на јавните институции и на регулаторните комисии, и Регулаторната комисија за електронски комуникации, ќе увидите дека овие регулаторни комисии дали ќе градат аква паркови, ќе имаат инвестиции со хартии од вредност кои постапуваат спротивно на законот. Но ние како пратеници немаме воопшто контрола во однос на извештите на Државниот завод за ревизија и тоа што е уште полошо сите констатации во извештајот Државниот завод не се процесуира, а голем број од нив се за дела кои и Јавното обвинителство треба да покрене постапка кон истите.

Тоа што е образложението и каде е основата за овој предлог, е во тоа што Државниот завод за ревизија во Собрнието на Република Македонија поднесува извештаи и за работата но и за институциите на системот. И за да може да ни се овозможи напредок при остварувањето на контролната улога на Собранието во врска со трошење на јавни средства од буџетските корисници, Собранието на Република Македонија е должен да ги разгледува и донесе зклучоци за сите извештаи кои се поднесуваат во Парлментот. Јас го цитирам мислењето на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, во 2011 година. Еве што пишува.

Интензивната соработка на Собранието и создавање услови за разгледување на извештаите од Државниот завод за ревизија во Собранието. Ние не го правиме, а е препорака од Европската комисија и тие таксативно велат дека повторно во Собрнието на Република Македонија не е воспоставен механизмот за контролата на извештаите на Државниот завод за ревизија.

Јас ќе ви дадам неколку примери како функционира овој орган на јавните пари, нивните трошења и превенција при евентуалната зло употреба, во дадената ситуација имаме бидејќи ова го докажуваат многу ревизии направени од Државниот завод за ревизија. Во светот постојат три модели на врховни ревизорски институции и тоа Наполеонскиот модел, Вестмистенскиот или Аглосансонски и третиот е на Бордот на директори.

Наполеонскиот модел се нарекува и суд на ревизори и судската власт и управната и функцијата е не зависно од законодавната власт и извршната. Високите ревизорски институции контролираат и донесуваат пресуди за начинот на трошење на јавните средства. Овој модел се спроведува во Франција, Италија, Шпанија, Португалија, Турција и во повеќето земји од Латинска Америка и Фракофонските земји во Африка.

Државниот завод за ревизија според Аглосаксонскиот модел е одговорен, при што овој модел се имплементира и во Македонија, затоа потребо е да се формира надлежно работно тело кое ќе ги разгледува сите извештаи на од ревизорот што ќе произлезат од Државниот завод за ревизија. Овој модел функционира во Англија, Австралија, Канада и многу други земји. И можете да си замислете која е стапката на корупцијата во овие земји и која е стапката на корупција во Република Македонија.

Третиот модел е сличен на петходниот со тоа што во врховните институции раководи Бордот на директори. Овој модел се применува во Словенија, Холандија, Црна Гора, Бугарија и многу други земји.

Да заклучам, мислам дека е од голема потреба да ја донесеме оваа одлука, мислам дека ова е препорака и на Европската комисија и на меѓународните институции. А исто така оваа институционална празнина која не треба претседателот на парламентот и ова мнозинство да дозволи да немаме контролен механизам и во однос на препораките при читањето на ревизорските извештаи да видиме како тие избрани, назначени од Парламентот и Владата, ги трошат јавните пари. Бидејќи ако ги анализирате тие извештаи, јавните средства не се менаџираат соодветно, не се менаџираат ефективно и ефикасно и за оваа цел повеќе од потребно е да се формира едно вакво тело за контрола на јавните пари во Република Македонија. Ви благодарам.

Трајко Вељаноски:

Благодарам и јас.



Предлогот на пратениците Изет Зеќири и Фламуре Демири Креци, предлогот на одлуката се разбира на оваа седица го ставам на гласње.

Ве повикувам да гласаме.

Благодарам.

Вкупно гласаа 90 пратеници. Од нив за предлогот гласаа 32, воздржани 2, против 56.

Констатирам дека предлогот на пратениците Изет Зеќири и Фламуре Демири Креци не е усвоен.

Според тоа за денешната седница го предлагам следниот дневен ред:

1. Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, поднесен од пратениците Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голубчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јофковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Тито Петковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска, Николче Ацевски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цаноски, Ленче Николовска, Мевмет Џемајлоски, Сафет Бишевац и

Ивон Величковски;

2. Предлог за утврдување престанок на мандатот на член на Советот на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија;

3. Предлог на закон за ратификација на Регионалната Конвенција за Пан-евро-медитерански преференцијални правила на потекло;

4. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за процена, по скратена постапка;

5. Предлог на закон за изменување на Законот за спортот, по скратена постапка, поднесен од пратениците Илија Димовски и Талат Џафери;

6. Предлог на закон за изменување на Законот за класифицирани информации - I читање;

7. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за научно -истражувачката дејност - I читање;

8. Предлог на закон за дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати - I читање;

9. Предлог на закон за изменување на Законот за административните такси - I читање;

10. Предлог на закон за изменување на Законот за даноците на имот - I читање;

11. Предлог на закон за дополнување на Законот за даночна постапка - I читање;

12. Предлог на закон за адвокатски маркички - I читање;

13. Предлог на закон за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори и странски железнички претпријатија во траен влог во МЖ Транспорт АД Скопје - I читање;

14. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за стандардизација - I читање;

15. Предлог на закон за туристички развојни зони - I читање;

16. Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за правата на членовите на семејството чиј хранител е војник на служење на воениот рок - I читање;

17. Предлог на закон за дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност - I читање;

18. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство - I читање;

19. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота - I читање;

20. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти - I читање;

21. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање - I читање;

22. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење - I читање;

23. Предлог на закон за изменување на Законот за буџетите - I читање, поднесен од пратениците Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голубчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јофковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Тито Петковски, Ивон Величковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска, Николче Ацевски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цаноски, Ленче Николовска, Мевмед Џемајлоски и Сафет Бишевац;

24. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2012 година - I читање, поднесен од пратениците Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голубчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јофковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Тито Петковски, Ивон Величковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска, Николче Ацевски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цаноски, Ленче Николовска, Мевмед Џемајлоски и Сафет Бишевац;

25. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки - I читање, поднесен од пратениците Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голубчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јофковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Тито Петковски, Ивон Величковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска, Николче Ацевски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цаноски, Ленче Николовска, Мевмед Џемајлоски и Сафет Бишевац;

26. Предлог на закон за дополнување на Законот за социјалната заштита - I читање, поднесен од пратениците Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голубчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јофковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Тито Петковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска, Николче Ацевски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цаноски, Ленче Николовска, Мевмед Џемајлоски, Сафет Бишевац и

Ивон Величковски;

27. Предлог на закон за дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер - I читање, поднесен од пратениците Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голубчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јофковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Тито Петковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска, Николче Ацевски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цаноски, Ленче Николовска, Мевмед Џемајлоски, Сафет Бишевац и Ивон Величковски;

28. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државните награди - I читање, поднесен од пратениците Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голубчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јофковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Тито Петковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска, Николче Ацевски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цаноски, Ленче Николовска, Мевмед Џемајлоски, Сафет Бишевац и Ивон Величковски;

29. Предлог на закон за полициски правобранител - I читање, поднесен од пратениците Тито Петковски, Ивон Величковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска, Николче Ацевски, Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голубчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јофковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цаноски, Ленче Николовска, Мевмед Џемајлоски и Сафет Бишевац;

30. Предлог на закон за изменување на Законот за поштенските услуги - I читање, поднесен од пратеникот Изет Зеќири;

31. Предлог на закон за изменување на Законот за електронските комуникации - I читање, поднесен од пратеникот Изет Зеќири;

32. Предлог на закон за изменување на Законот за енергетика - I читање, поднесен од пратеникот Изет Зеќири;

33. Предлог на закон за изменување на Законот за супервизија на осигурување - I читање, поднесен од пратеникот Изет Зеќири;

34. Предлог на закон за изменување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот - I читање, поднесен од пратениците Гордан Георгиев, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голубчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јофковска Ефтимоска, Менде Диневски и Стојко Пауновски;

35. Информација за спроведување на дискриминаторска политика кон албанците од страна на Владата во 2008-2012 година, поднесена од пратениците Имер Алиу, Мерал Узеири Ферати, Беким Фазлиу, Газменд Алији, Орхан Ибраими и Зијадин Села;

36. Барање за давање автентично толкување на член 82-б од Законот за државни службеници, поднесено од пратеникот Маринела Тушева;

37. Барање за давање автентично толкување на член 42 став 2 од Законот за водостопанствата, поднесено од пратеникот Маринела Тушева;

38. Барање за давање автентично толкување на член 17-а од Законот за просторно и урбанистичко планирање, поднесено од пратеникот Ердоган Сарач.

Дали има некој предлог за изменување и дополнување на предложениот дневен ред.

Ги повикувам пратениците кои имаат предлози за изменување и дополнување на дневниот ред да се пријават за збор.

За збор се јави и има збор господинот Јани Макрадули, повелете.

Јани Макрадули:

Благодарам почитуван претседател.

Согласно Деловникот барам да се повлече точката 22 по ново од оваа комбинација што вие ја направивте и тоа од две причини, прво деловнички и второ, содржински.

Имено, согласно член 140 од Деловникот за работа пред Предлогот на закон да се претресе на седницата на Собранието го разгледува матичното работно тело во рок од три работни дена, акцентирам пред денот определен за одржување на седницата на Собранието. Ние сме сведоци дека претседателот на Комисијата за транспорт и врски, очигледно во договор со вас, бидејќи вие ако го почитувате Деловникот немаше да ја ставите оваа точка на дневен ред, манипулира со закони што се исклучително важни за граѓаните во Република Македонија, а таков е Законот за крадење, се извинувам за градење. Закон со кој што дефинитивно се става крај на развојот на општините, се става крај на се она што е децентрализација во Македонија, се зголемува дискреционата моќ на министерот и се разбира се додаваат нови можности за продолжување на корупцијата во Министерството за транспорт и врски и лидерот во тоа министерот Миле Јанакиевски. Таков е и овој случај на законот за - очигледно не бил лапсус за крадење, односно за градење.

Затоа претседателе барам прво вие, бидејќи овој закон не ги исполнува деловничките услови, да го повлечете, бидејќи овој закон е закажан, замислете за понеделник 14,00 часот, надвор од очите на јавноста за да може министерот Јанакиевски да продолжи со своето крадење согласно Законот за градење. Овој закон не ги исполнува деловничките обврски, но овој закон не ги исполнува содржинските услови и е на штета на сите општини во Република Македонија бидејќи им се одзима клучното право, да располагаат со градежното земјиште.

Затоа барам, ако вие самите не го повлечете тоа што мене ми дава за право да се сомневам, дека сето тоа е направено во корелација со претседателот на Комисијата за транспорт и врски, кој што исто така надвор од Деловникот никако да ја закаже седницата за второто читање на Законот за градежно земјиште, исто надвор од Деловникот се пробиени сите рокови, бидејќи вие тоа не го повлекувате, односно оваа точка ја предложивте на дневен ред барам пратениците да не дозволат кршење на Деловникот и овој закон за крадење односно градење да се повлече од дневниот ред. Благодарам.

Трајко Вељаноски:

Благодарам.

Пратеникот Јани Макрадули предлага точката 22 да се тргне од дневниот ред.

Предлогот го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

По предлогот вкупно гласаа 92 пратеника. За гласаа 34, воздржани нема, 58 против.

Предлогот не е прифатен.

Предложениот дневен ред го ставам на гласање.

Господинот Ивановски Игор, процедурално.

Игор Ивановски:

Благодарам претседателе.

Не брзајте, ќе стигне дневниот ред на гласање.

Сакам да реагирам процедурално бидејќи очигледно и грубо кршење на Деловникот, владеачкото мнозинство со силата на математиката сака да го елиминира и навистина не ми е јасно од каде е таа дрскост и ароганција на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да не се почитува Деловникот и да се крши како што тие сакаат.

Она за што сакам од вас процедурално да добијам објаснување господине претседателе, по кој член од Деловникот и по која политичка пракса и по која одлука, со кое образложение законите поднесени од страна на пратеници, во овој случај закони поднесени од пратеничката група на СДСМ и коалиционите партнери се ставени последни на дневниот ред на оваа седница. Направивте се нашите поднесени закони пред месец дена да не се најдат на дневниот ред на претходната седница, сега прекинат, иако ги исполнуваат деловничките услови. Ги ставивте на посебна седница, односно на денешната. И тоа ви беше малку, ги ставивте последни.

Ова е типичен случај на свесна дискриминација на пратениците во ова Собрание визави Владата каде лоши деловнички неисправни неквалитетни закони на Владата се ставаат на почетокот, а квалитетни и деловнички оправдани закони на опозицијата се ставаат последни. Стравот на власта од позитивната кампања на СДСМ и коалиционите партнери во ова Собрание кулминира и допрва позитивните ефекти ќе се видат, бидејќи граѓаните подржуваат таква кампања, впрочем погледнете ги денешните најнови анкети.

Од тие причини господине претседателе, ве молам објаснете зошто законите поденсени од опозицијата се последни, после месец дена ставени на дневен ред, а криминални, корумпирани, деловнички неиздржани, дел и против уставни закони вие ги фаворизирате. Ова е типичен пример и на отсуство на политички дијалог и на класични дискриминации и страв на власта од квалитативните и позитивни решенија на опозицијата.

Од тие причини, пред да преминеме на гласање, за да знаеме како да гласаме за овој дневен ред молам да добиеме навистина сериозно објаснување од ваша страна. Благодарам.

Трајко Вељаноски:

Благодарам.

Предлагањето закони е извршено согласно Деловник, согласно Деловникот е направен предлогот на дневниот ред и од моја страна тоа е доставено до вас. Сега го прочитав дневниот ред согласно она што јас мислам дека така треба да биде.

Инаку, господине Игор Ивановски вие пред да бидете координатор на пратеничката група на СДСМ во минатиот парламентарен состав имаше друг координатор, не знам дали кога извршивте примопредаја дали ви кажа како претходно функционирало Собранието согласно Деловникот и не започнува од вас светот, Собранието и примената на овој Деловник откако вие станавте координатор. Има некоја востановена пракса која без оглед дали вие сте координатор треба да ја почитувате. Секогаш било пракса...

(Реакции)

Ве молам, внимателно ве сослушав, бидете парламентарни, колегијални, сослушајте ме, без оглед дали ви се допаѓа вам. Секогаш била пракса законите кои на Комисија се прифатливи односно Владата ги предлага, така било и во претходниот парламентарен состав до сега да бидат во прво читање пред другите закони од пратениците кои во Комисија не се прифатливи, затоа што оној закон што е во прво читање прифатлив оди на второ читање, а оној закон што на прво читање не е прифатлив не оди никаде, се враќа кај предлагачот и им се кажува дека не е прифатлив.

Затоа, од наша страна односно од моја страна е предложено така и ја почитувам праксата без оглед дали бил сега координатор Игор Ивановски или некој друг бил кординатор.

Ве молам, господине Игор Ивановски, сега да продолжиме со работа, затоа што вие дадовте процедурално и јас ви одговорив. Јавноста ќе цени дали јас сум во право или вие сте во право, не треба да се надмудруваме.

(Реакција на пратеникот Игор Ивановски со зборовите: „Имам право на процедурално, од каде знаете за што ќе зборувам“.)

Повелете господине Игор Ивановски, да видиме дали пауза ќе побарате.

Игор Ивановски:

Благодарам.

Господине претседателе не се вознемирувајте, на вашите манипулации и клевети нема да одговорам, ќе бидам попаметен.

Да ви кажам и да ве демантирам ова што сега вие го говорите, бидејќи вие рековте зошто е ваков дневниот ред одлучувате вие и тоа на сите им е јасно, овде нема Деловник, не важи за вас Деловникот, ама за тоа на избори ќе се расправаме.

Господине Трајко Вељаноски, Законот за изменување на Законот за македонска банка за поддршка на развојот доби поддршка од пратениците на власта. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за овој закон и заклучокот што го имате во вашата папка за овој закон е дека тој е прифатлив да оди на понатамошно читање.

Пред малку рековте вашиот критериум бил дека неприфатливите закони се последни. Тоа не е критериум. Но еве и по вашата логика. ВМРО-ДПМНЕ ни поддржа еден закон, зошто не го ствите напред? Сакам да ве демантирам господине претседателе дека тоа што го говорите не е точно. Од тие причини ќе се воздржиме и нема да го подржиме овој дневен ред, ќе гласаме воздржано.

Трајко Вељаноски:

Благодарам.

Господине Ивановски, во моментот кога се информиравте не дава целосна информација затоа така кажувате. Тој закон од Комисија за финансирање и буџет е поддржан, прифатлив, од Законодавно правната комисија не е прифатен, има судир, судир во однос на извештаите меѓу тие две комисии. За жал, господине Ивановски, тоа не ви го кажаа затоа, ве молам процедурални забелешки не давајте, од позади некој ви дошепнува пред вие да се уверите во тоа.

Процедурално има господинот Горан Мисовски, повелете.

Горан Мисовски:

Благодарам.

Господине претседателе мене како пратеник ми смета тоа што постојано потенцирате дека правите така како што вие сакате. Во ред, точно е, во Деловникот пишува дека дневниот ред го предлага претседателот на Собранието и никој тука за тоа не реагира.

Сакам да ве потсетам на една повреда на Деловниот која ја направивте пред 15 дена. Имено опозицијата во ист ден поднесе 6 закони и една измена на Уставот, во ист ден кога Силвана Бонева го поднесе Законот за лустрација. Нашите закони не ги ставивте на дневен ред и исто така образложивте, немавте храброст тоа во јавност да го направите, затоа што тоа така сте го сакале. Во ред, ви прогледавме низ прсти, но во текот на минатата седница на нашата процедурална забелешка пред јавноста го изјавивте следното:

Велите вака, господо пратеници, јавноста треба да биде известена дека седница на 16 мај е закажана и тоа за прв пат во историјата на Македониското собрание, да има седница на која ќе има само точки предложени од опозицијата. Јас тогаш реагирав процедурално дека во Република Македонија, не дај Боже, се воведува апартхејд, закони за црнци и закони за белци, или пак закони од позицијата и закони од опозицијата. Кога реагираше опозицијата јавно, не знам дали и двата прсти на аверокомесарот Филе толку силно притискале на нечии уши па се направи измена во одлуката, веројатно затоа што вие така сте сакале, еве така ги убедувате граѓаните на Република Македонија дека тоа го правите затоа што вие сакате, па дневниот ред на оваа седница која на голема врата ја најавивте дека ќе биде историска седница со закони само од опозицијата. Го дополнивте дневниот ред и со закони кои се и надвор од Деловникот, значи не ја исполнуваат деловничката обврска. Сега сакам да ми дадете одговор, тогаш бевте во право кога извршивме притисок ние, еврокомесарот со неговите два прста, или сега вие сте во право само што вие така сакате. Еве оваа седница што ја најавивте дека ќе биде седница само со закони од опозицијата, ја дополнивте ште со други 20 закони и нашите закони од опозицијата го ставате последни. Од што толку се плашите не ми е јасно. Се плашите од аргументите кои опозицијата ги наметнува на пленарна седница. Тоа најмалку од вас го очекувавме претседателе.

Трајко Вељаноски:

Благодарам.

Господине Мисовски, не јас како сакам туку како ми е дадено согласно Деловникот, без оглед дали вас ви се допаѓа или не. Мене Собранието ме избрало за претседател и треба да се грижам за текот на секоја седница и за дневните редови. Јас мислам дека добро го правам тоа, без оглед што вие мислите, јас ќе продолжам така да го правам тоа. Јас ја закажав седницата но се изврши дополнување, вие бевте најгласните што баравте да нема, како што вие викате апартхејд, само не знам што ви значи зборот апартхејд, дали воопшто знаете што значи тој збор и вие во која група, на едните или на другите, се сместувате. Видете се на огледало ќе видите во која група влегувате.

Тоа, зошто законите се ставени по овој редослед, тоа е веќе право на мнозинството овде и мнозинството така одлучи. Не знам зошто толку се буните кога прва точка е Предлог за измена на Уставот и ќе расправаме, ќе расправаме и по другите закони. До сега има 20 и неколку закони од опозицијата ставени на дневен ред и разгледани. Ве молам, не би требало сега од ваша страна да претставува пречка зошто е таа точка, зошто се тие точки, или се први точки, или се на средини или на крај. Така било и до сега и не знам зошто сега го сменивте тоа правило кое, за жал, и во претходниот парламентарен состав вие учествувавте, заменик координатор бевте тогаш и дадовте поддршка на тоа правило прво да бидат законите од Владата, па после законите од пратениците. Така беше со законот од госпоѓа Силвана Бонева и другите пратеници, прво беа законите од Владата, па потоа законите од пратениците. Тука се и законите од господинот Изет Зеќири. Не знам зошто толку побуна од ваша страна. Не би требало сега да правиме проблем од нешто што не е проблем и не било проблем. Доколку сакате правете продолжете понатаму, ние ќе продолжиме со една конструктивна работа овде и ќе придонесуваме за интересите на граѓаните на Република Македонија, тие најдобро ценат и во последно време добро оценија и ќе продолжат со таа оценка.

Процедурално има господинот Амди Бајрам, повелете.

Амди Бајрам:

Благодарам.

Се јавувам процедурално затоа што господинот Мисовски, овде во Парламентот и во Република Македонија по подели на црнци и белци овде. Затоа што припаѓам према црнците, најнормално затоа што јас сум муслиман, смејте се вие, смејте се вас ви одговара тоа, но не е во ред затоа што јас сум муслиман има муслимани црнци, има овде опозиција и позиција и постојат овде разни националности. Верски нацизам не треба вие да ширите овде во Парламентот на Република Македонија. Ја знаете каква е моменталната ситуација во Република Македонија, знаете што се случува во Република Македонија, ги подгрејувате овие работи и сакате да ја проширите работата и овде во Парламентот. Јас од вас барам едно јако извинувае спрема пратениците и јавноста на Република Македонија. Друг пат да не ви се случи тука во Парламентот тоа. Благодарам.

Трајко Вељаноски:

Благодарам.

Господине Амди Бајрам секој одговара за своите зборови овде, јавноста добро знае да оцени.

Јас би ги замолил пратеници во употреба на зборовите да внимаваат затоа што на тој начин можат да бидат навредени и други пратеници.

Продолжуваме со работа.

Предложениот дневен ред го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

По предложениот дневен ред вкупно гласаа 90 пратеници, од нив за гласаа 60, воздржани 30, против нема.

Констатирам дека е усвоен предложениот дневен ред.

Пред да преминеме на расправа по точките од дневниот ред ве потсетувам дека согласно член 80 ставови 2 и 3 од Деловникот на Собранието, пратениците се пријавуваат за збор во рок од една минута по отворањето на претресот.

Предлагчот и координаторите на пратеничките групи можат да се пријават за збор и во текот на претресот.

Листата на пратениците не може да се менува и дополнува во текот на претресот.

По исклучок согласно член 10 од Деловникот за изменување и дополнување на Деловникот на Собранието, пратениците кои во една минута по отворњето на претресот се спречени да се пријават за збор, поради присуство на седници на работните тела или делегациите на Собранието чии членови се тие, имаат право да се пријават за збор од моментот кога присуствуваат на седицата на Собранието, доколку претресот по точката од дневниот ред сеуште трае.

Едновремено ве известувам дека согласно член 85 став 3 од Деловникот на Собранието пратеникот кој се пријавил за збор, а не е присутен во салата кога е повикан да говори го губи правото на збор, за претресот за кој се пријавил и не може повторно да се јави за истиот претрес.

Согласно член 86 од Деловникот на Собранието и член 12 од Деловникот за изменување и дополнување на Деловникот на собранието, пратеник во текот на претресот може да говори само еднаш во траење од 10 минути, известителот на матичното работно тело и на Законодавно-правна комисија 10 минути, координаторот на пратеничката група или еден пратеник определен од пратеничката група или од координаторот на пратеничката група и предлагачот може да говорат повеќе пати, но не повеќе од 15 минути вкупно.

Согласно член 86 став 3 од Деловникот на Собранието, ограничувањето на времето за дискусија не се однесува на постапката за измена на Уставот на Република Македонија.
2010-07-19 18:44 Читать похожую статью
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • Контрольная работа
  • © Помощь студентам
    Образовательные документы для студентов.